Новиот стратег на Тотенхем, Жозе Мурињо е заинтересиран во јануари во редовите на својот тим да го доведе напаѓачот од БиХ, Един Џеко.
Околу сето тоа се огласи и поранешниот напаѓач на Тотенхем, Дарен Бент кој иако има пофални зборови за Џеко, сепак смета дека не може да биде прва ѕвезда…
„Би бил добро засилување, неговата статистика на одиграни и постигнати голови доволно зборува дека е одличен фудбалер. Но, во Тотенхем би бил само одлична замена за Хари Кејн кој со неговото доаѓање би имал повеќе простор за одмор. Јасно е дека во Тотенхем неприкосновен е Кејн. И мислам дека тој тоа ќе го разбере затоа што играше претходно во Премиерлигата, добро ја познава и знае дека ќе биде втора опција“ – вели Дарен Бент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА