Дарио Ивановски балкански шампион во полумаратон

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски стана балкански шампион во полумаратон откако утрово победи на трката која се одржа во Тирана.

Ова за Ивановски е втора титула балкански шампион, а вкупно осми медал на балканијадите. Тој на патеката во Тирана постави и нов национален рекорд на Македонија со време 01:04:55 час.

 

 

Се вчитува...