Дарио Ивановски доби „виза“ за настап на ЛОИ во Париз

Атлетичарот Дарио Ивановски е еден од оние кои ќе ја претставуваат Македонија на претстојните Летни Олимписки Игри во Париз 2024 откако маратонецот како атлетичар со еден од најдобрите резултати во историјата на македонската атлетика, е пријавен од Македонија за добивање „вајлд карта“.

Дарио Ивановски, според резултатот од еден маратон, е на 78. место на ранг листата на најдобрите светски маратонци. Сепак, со оглед на тоа што за стекнување право за настап преку ранкинг системот на светска атлетка се собираат два најдобри остварени резултати во дисциплината маратон, Дарио Ивановски заврши на 87-то место на ранкинг листата и со тоа не успеа да влезе во квотата од 80 атлетичари.

Но, Атлетската федерација на Македонија го пријави Дарио Ивановски како македонски учесник на ЛОИ 2024 со „вајлд карта“.

„Бидејќи Атлетската Федерација на Македонија до овој момент нема квалификуван атлетичар со остварен критериум од погорните два начини, од страна на техничкиот делегат беше доделена “Вајлд Карта“ за Дарио Ивановски за дисциплината маратон, односно со објавувањето на финалната листа, Дарио има загарантирано место во дисциплината маратон (ни еден друг атлетичар од друга држава не може да го замени). Вреди да се напомене дека иако настапот на Дарио Ивановски во Париз е и повеќе од заслужен, квалификацискиот период се уште е во тек, односно трае до 30. јуни и во случај на остварена норма или ранкинг од страна на некој друг атлетичар од нашата репрезентација, важноста на вајлд картата престанува да важи. Финалните листи за сите квалификувани и неквалификувани атлетичари кои ќе настапат на Олимписките игри во Париз ќе биде објавена после завршувањето на квалификацискиот период на 2. јули“ – информираат од Атлетската федерација на Македонија.

Информацијата за „виза“ за Дарио во Париз ја потврди и неговиот долгогодишен тренер, Игор Јакимовски, со објава на својот фејсбук профил.

„На овој историски ден за нашата Македонија, читаме уште нови прекрасни вести. Денес WORLD ATHLETICS ги ажурираше листите за ROAD TO PARIS 2024 во дисциплината маратон. А таа вели… Моментално од 81 квалификувани атлетичари за ЛОИ 2024 во дисциплината маратон(70 со норма и 11 со ранкинг) на 78то место е Дарио Ивановски, Македонијаааааааа 🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰 Според мене ова е веќе готова работа, а нашиот олимписки сон РЕАЛНОСТ 🙏

 

Се вчитува...