Дарио Ивановски е нов балкански шампион на 3.000 метри

Еден од најдобрите македонски атлетичари, Дарио Ивановски запиша нов извонреден успех за македонскиот спорт.

Ивановски е нов балкански шампион на 3.000 метри откако на Балканскиот шампионат во сала кој се одржува во Истанбул, Турција, убедливо триумфираше во финалната трка.

Дарио трката ја заврши со време од 8:03.95 минути, речиси седум секунди повеќе од второпласираниот Улуш Чихат од Турција.

Се вчитува...