Дарио Ивановски го урна државниот рекорд на 5.000 метри стар 39 години

Еден од најдобрите македонски атлетичари, Дарио Ивановски на Балканското првенство во Србија успеа да го урне државниот рекорд на 5.000 метри истрчувајќи ја делницата за време од  14:02.32 минути.

Со овој резултат тој го освои третото место на Балканското првенство, а го урна 39 години стариот рекорд на Стевче Ѓорѓиевски за повеќе од четири секунди (14:06.52 минути).

Се вчитува...