Дарио Ивановски го урна националниот рекорд на 10.000 метри стар 41 година

Најдобриот македонски атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски на денешниот Куп на Македонија на трката на 10.000 метри постави време од 30:04.03 со што го урна 41 година стариот рекорд на Милан Маџгаљ кој изнесуваше 30:25.10 минути.

Дарио во нозе има резултат на 10.000м дебело под 29 минути, но денеска тој трчаше со 90% од своите можности, бидејќи се подготвуваме за неговата омилена дисциплина 1500м за да го обезбедиме учеството на ЛОИ во Токио“, изјави неговиот тренер Јакимовски. 

Дарио Ивановски е еден од двајцата атлетски кандидати на Македонија за пласман на Летните олимписки игри во Токио заедно со спринтерот Јован Стојоски.

 

Се вчитува...