Дарио Ивановски на прием кај претседателот Пендаровски

Балканскиот шампион во полумаратон Дарио Ивановски, денеска беше примен од страна на шефот на државата Стево Пендаровски. Ивановски ја освои титулата на првенството во Тирана, Албанија.

„Честитки за нашиот балкански шампион во полумаратон, Дарио Ивановски и поставувањето на новиот национален рекорд.

Меѓународните успеси на македонските спортисти нѐ обединуваат и ги мотивираат идните генерации дека со упорност и силна волја, може да се совладаат и најголемите предизвици.

Дарио, ти посакувам уште многу златни медали и успеси на тркачките патеки“, напиша Пендаровски.
„Денеска со особена чест сакам да споделам дека бев гостин кај нашиот Претседател г-нот Стево Пендаровски. Можам да кажам дека ова е еден од најпријатните моменти во мојот живот. Разговаравме на многу различни теми поврзани со спортот односно атлетиката и ова за мене преставува уште еден мотив плус за да успеам во остварувањето на следните цели.
Јавно Ви се заблагодарувам Претседателе за Вашата поддршка при овој незаборавен прием и Ви ветувам нови успеси во атлетиката.“, напиша Ивановски.

Се вчитува...