Дарио Ивановски постави национален рекорд и го освои сребрениот медал на Балканското првенство во Истанбул

Дарио Ивановски го освои сребрениот медал на трката на 3000 метри на Балканското првенство во атлетика кое се одржува во турскиот, Истанбул

Тој до сребрениот медал на делницата од 3000 метри стигна со време од 7:58.48 минути, што е нов национален рекорд на Македонија вреден 1087 бода.

Ова беше дисциплина во која претходната година на истото првенство Ивановски го освои златниот медал и се закити со титулата Балкански шампион.

Претходно денеска Андреас Трајковски во скок во далечина го освои бронзениот медал за Македонија.

Се вчитува...