Извонреден резултат на Дарио Ивановски во Валенсија: Нов македонски рекорд во маратон!

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски продолжува да поставува нови граници. Скопјанецот денеска на маратонот во Валенсија, Шпанија постави нов македонски рекорд во маратон со време од 2 часа 11 минути и 53 секунди, со што претставува одличен резултат во светски рамки.

Ивановски со тоа воедно го подобри и доскорешниот свој рекорд од 2 часа 18 минути и 12 секунди поставен на 15. мај 2022 година во Копенхагем.

Се вчитува...