Дарио Ивановски со нов државен рекод на 10 километри на „Ноемвриската трка 2021“ во Гевгелија (ФОТО)

Еден од најдобрите македонски атлетичари Дарио Ивановски постави нов државен рекод на 10 километри на маратонските трки на првата атлетска манифестација „Ноемвриска трка 2021“ која денеска се одржа во Гевгелија во организација на Атлетскиот клуб „7 Ноември“ од Гевгелија, а се бодуваше и за Државното првенство на Македонија на 10 километри.

Ивановски, член на АК Делта, патеката од 10 километри ја истрча со време од 29:58 минути, што е нов национален рекорд, освојувајќи го првото место пред клупскиот колега Димитар Петровски кој истрча со време од 33:04. Третото место, во конкуренција на 220 натпреварувачи на десеткилометарската трка, го освои Тирон Мамуша од Косово кој истрча со време од 33:12.

Во женска конкуренција, меѓу 100 атлетичарки, првото место го освои Адријана Поп Арсова од АК Делта со време од 36:00 минути, пред Билјана Кираџиева со време од 37:29 и Милјана Ристиќ која трката ја заврши со време од 40:51 минути.

На првиот атлетски маратон „Ноемвриска трка 2021“ која мина во одлична организација и е со тенденција да прерасне во традиционална препознатлива трка како една од најатрактивните македонски спортски манифестации се одржа и трка на 5 километри на која учествуваат вкупно 220 натпреварувачи во машка и во женска конкуренција.

Се вчитува...