Дарио Ивановски со нов државен рекорд до сребрен медал на Балканското првенство

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски постигна уште еден одличен успех освојувајќи го сребрениот медал на Балканското првенство во атлетика кое викендов се одржа во Крајова Романија.

Ивановски трката на 5.000 метри ја истрча со време и на нов државен рекорд, од 13:56.59 минути освојувајќи го второто место зад Хрватот Дино Бошњак кој имаше време од 13:50.85 минути. Бронзениот медал му припадна на Сезгин Атак од Турција.

На трката на 400 метри со пречки во женска конкуренција, Дрита Ислами го освои 9. место со време од 59.58 секунди, додека Андреас Трајковски настапи во скок во далечина и беше десетти со скок од 7,50 метри, а настапи и на трката на 100 метри на која го освои 11 место од 23 натпреварувачи со време од 10.88 секунди.

Јован Стојоски трчаше на трката на 400 метри, при што ја освои 11-та позиција со време од 47.09 секунди, додека Андријана Поп Арсова делницата од 3.000 метри ја истрча за 9:50.48 минути и го освои 9. место.

Се вчитува...