Дарио Ивановски со нов национален рекорд до 29. место на полумаратонот на ЕП во Рим!

Најдобриот македонски атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски постави нов државен рекорд во полумаратон на Европското првенство кое се одржува во Рим, Италија.

Ивановски полумаратонската трка утрово во Вечниот град ја заврши со време од 1:04.01 часа, што е нов национален рекорд на Македонија, а подобрувајќи го своето најдобро време кое досега изнесуваше 1:04.45 часа.

Македонскиот атлетичар трката ја заврши на 29. место во конкуренција на 64 полумаратонци колку што се појавија на стартот од трката.

Нов европски шампион во полумаратон е Италијанецот Јеманеберхан Крипа кој патеката ја истрча со време од 1:01.03 часа, што е нов рекорд на европските првенства. На втората позиција заврши неговиот сонародник Пјетро Рива, со само една секунда заостанување, а трет Германецот Аманал Петрос со четири секунди заостанување на финишот од победникот.

Се вчитува...