Дарио Ивановски со второ место на силниот полумаратон во Мајами

Најдобриот македонски маратонец на сите времиња Дарио Ивановски направи нов голем успех откако го освои второто место на полумаратонската трка во Мајами, Соединетите Американски Држави.

Дарио патеката во должина од нешто повеќе од 21 километар ја истрча за време од 1:05.17 час. Првото место му припадна на Соломон Кагимби кој беше 48 секунди подобар од нашиот атлетичар.

Следен предизвик за Дарио ќе биде маратонот во Севилја на 18. февруари.

Се вчитува...