Дарио Ивановски златен на ЕП за мали земји со нов државен рекорд на 3.000 метри

Еден од најдобрите македонски атлетичари, Дарио Ивановски, е нов шампион на 3.000 метри на Европско првенство за мали земји кое се одржува во Сан Марино.

Ивановски стигна до златниот медал и со време на нов македонски рекорд од 08:09.89 минути.

Јован Стојоски, пак, стигна до две бронзени медали на трките на 100 и на 400 метри.

Се вчитува...