Дарко Димитриевски се враќа назад во АСОБАЛ-лигата

Македонскиот ракометен интернационалец Дарко Димитриевски повторно ќе настапува во шпанската АСОБАЛ-лига, каде ќе го носи дресот на Блендио Синфин, клуб од градот Сантандер.

Левиот бек во изминатиот период контактираше со неколку клубови од различни земји, но на крајот се реши за камбек во Шпанија, земја каде претходно со успех настапуваше за Пуерто Сагунто и за Адемар Леон.

По една сезона во Чургу (2015/16) тој потпиша договор со Металург, но не успеа да се наметне во клубот од „Автокоманда“. Пред две сезони му беше дозволено да замине во Борец, каде се промовираше во лидер на екипата, а ланската сезона беше дел од израелскиот Хапоел Ашдод.

Се вчитува...