Дарко Ѓукиќ се враќа во Македонија, сега ќе игра за Охрид

Ракометниот клуб Охрид не застанува кога станува збор за новите имиња. Екипата се засилува со уште едно ново познато име во своите редови. Станува збор за српскиот репрезентативец Дарко Ѓукиќ кој треба да биде промовиран во дресот на  охридскиот клуб.

Ѓукиќ во Охрид ќе пристигне од шампионот на Романија, Динамо Букурешт. 30-годишниот ракометар веќе беше дел од два македонски клуба: Металург и Вардар, а играше и во Бешикташ, Киелце, Мешков Брест.

Паралелно со клупска, имаше и репрезентативна кариера. После неколку години пауза, тој се врати во националниот тим на Србија со која ќе игра на Светското првенство 2026 година.

Се вчитува...