Дарко Велковски и Ријека подобри од Динамо и Адеми

Ријека оваа сезона е кобна за Динамо Загреб. Откако ги елиминира „модрите“ во Купот на Хрватска, сега ги совлада и во првенствениот дуел на „Рујевица“ со 2-0. Дарко Велковски излезе победник во македонскиот репрезентативен дуел против Аријан Адеми. Сепак, тоа нема многу да ги загрижи гостите од Загреб кои веќе ја прославија новата шампионска титула во Хрватска.

Ријека со оваа победа се искачи на четвртото место на табелата, со еден бод предност пред Хајдук Сплит, а тоа води во квалификациите за Лигата на Европа.

Дарко Велковски и Аријан Адеми одиграа цел натпревар на хрватското дерби.

Се вчитува...