Дарко Велковски со пехарот од Купот на Хрватска: Заслуживме трофеј сезонава…

Ријека синоќа го освои и својот четврти трофеј во последните шест години во Купот на Хрватска. Тимот на македонскиот репрезентативец Дарко Велковски до титулата дојде по триумфот од 1-0 во финалето против Локомотива со голот на Халиловиќ во 76. минута.

Велковски очекувано не ја криеше радоста по освоената титула со ријечани…

„Заслуживме оваа сезона да дојдеме до титула. Сето ова е сега дополнителен мотив и за настапите на европската сцена ова лето“ – истакна Велковски по синоќешното финале во кое ги одигра сите 90 минути во одбраната на Ријека.

 

Се вчитува...