Со голот на Матео Дармијан во 57. минута, Интер ја совлада Аталанта на „Џузепе Меаца“ и се пласираше во полуфиналето на Купот на Италија.
„Нероазурите“ беа подобар противник и сосема заслужено славеа, додека Аталанта потврфли и успеа да упати само еден удар во рамките на голот на домаќинот.
Интер на самиот почеток од мечот ја погоди и пречката од голот на Аталанта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА