Дарвин Нуњез пак се посрамоти, Ливерпул е во нокдаун против Брентфорд (видео)

Ливерпул има негатива од 2-0 по првото полувреме на гостувањето против Брентфорд, но ситуацијата можеше да биде сосема поинаква доколку Дарвин Нуњез ја искористеше стопроцентната шанса што ја имаше на самиот почеток од овој натпревар.

Салах одлично го проигра Уругваецот зад одбранбената линија, Нуњез го мина домашниот голман, но не и да ја смести топката во мрежата бидејќи неговиот удар на крајот беше изблокиран од Ме.

Погледнете го најновото во серијата големи промашувања на скапото засилување на Ливерпул.

Брентфорд знаеше како да го казни ова промашување, домаќините постигнаа четири гола во првиот дел, од кои два им беа поништени поради офсајд со ВАР, но сепак со одлична предност од 2-0 заминаа на одмор на овој драматичен натпревар.

Се вчитува...