Дарвин Нуњез прави голем „кам-бек“ во Премиерлигата!?

Откако му помогна на Ливерпул да ја освои титулата под водство на Арне Слот, напаѓачот Дарвин Нуњез одлучи да го напушти клубот и стана уште еден играч што замина во Саудиска Арабија. Потпиша за Ал-Хилал во трансфер вреден 60 милиони евра. 

Уругваецот одигра осум натпревари за својот нов тим, постигна четири гола и запиша две асистенции. Нуњез има договор до 2028 година со тимот од Саудиска Арабија, но поранешниот напаѓач на Бенфика наскоро би можел да се врати во Премиер лигата.

Наводно Челси, кој има проблеми со нападот, сака да го види Нуњез во своите редови, со што дополнително би ја зголемил конкуренцијата во офанзивниот дел. И покрај тоа што ова лето ги доведе Жоао Педро и Лиам Делап, и натаму „сините“ имаат потешкотии со класична „деветка“, па Нуњез би можел да биде решението.

Се вчитува...