Дарвин Нуњез тргнува по стапките на Нголо Канте!?

Нголо Канте ја исполни својата желба. Играчот од средниот ред на Франција успеа да го реализира трансферот во Фенербахче, и покрај проблемите кои ги направи Ал-Итихад. Сепак, на крајот саудискиот клуб навреме ја испрати документацијата, па играчот стана нов член на гигантот од Истанбул.

Турскиот клуб го потврди трансферот со важност до јуни 2028 година и ќе биде одлично засилување во битката за трофеи. Но, Фенер нема намера да застане тука. Сега тргнува по некои други фудбалски ѕвезди.

Еден од нив е Дарвин Нуњез, кој би сакал да замине од Ал-Хилал, особено по доаѓањето на Карим Бензема во овој клуб. Уругваецот со тоа би имал помала минутажа, нешто со кое не може да се помири, па така би требало да реализира трансфер и да тргне по стапките на Канте.

Нуњез би бил добродојден во Фенер, со оглед дека тимот се ослободи од Ен Несири кој замина во Саудиска Арабија, а пред заминување е и Џон Дуран кој игра како позајмен од Ал-Наср и за кого има интерес од клубови од Премиерлигата.

Се вчитува...