Даскалоски ја продолжува кариерата во Франција

Македонскиот репрезентативен голман, Златко Даскалоски од Романија летово се сели во Франција. Даскалоски кој во изминатите четири години беше на голот на Темишвар од следната сезона ќе настапува за францускиот второлигаш Стразбур со кој потпиша двегодишен договор.

Тимот на Стразбур подготвува тим со кој ќе се бори за место во најсилната француска лига, а 33-годишниот македонски голман е едно од новите засилувања во составот.

Даскалоски потекнува од струшката школа. Во својата кариера, во Македонија настапуваше за Пролет и за Вардар. Интернационалната карера ја почна во Ловќен во Црна Гора, а потоа беше дел од тимот на Анкара пред да се пресели во Темишвар.

Златко Даскалоски е дел од поширокиот состав на репрезентацијата на Македонија што го повика селекторот раул Гонзалес за јунскиот бараж за СпП 2019 против Романија.

Се вчитува...