Даскалоски се враќа во Македонија – Потпиша за РК Бутел

Поранешниот македонски репрезентативец и досегашен член на францускиот Стразбур, Златко Даскалоски е нов голман на Бутел Скопје. Искусниот чувар на мрежата, кој настапуваше и за Вардар, Ловќен, Пролет, Анкара и Темишвар, потпиша договор на двогидшен договор со клубот од Бутел. Тој верува во проектот РК Бутел и се надева дека тимот ќе бележи одлични настапи како на домашна сцена така и во Европа.

„Со раководството на Бутел Скопје веќе подолго време бевме во контакт, но поради моите ангажмани надвор од земјава, не можевме да направиме посериозни разговори и да ги реализираме плановите. Драго ми е што ќе бидам дел од овој сериозен проект, кој ветува многу во наредните години. Се голем број од новите соиграчи се познавам од претходно и сме настапувале во исти клубови. Со тренерот Котевски исто така соработував во Вардар Јуниор и одлично ги познавам неговите барања и очекувања. Се надевам на добра сезона како на домашна цена, така и во ЕХФ Купот“, вели Даскалоски. 

Се вчитува...