Датоме бира меѓу Фенербахче и Милано

Италијанскиот кошаркар Луиџи Датоме би можел летово да ја промени средината. Фенербахче остана без тренерот Жељко Обрадовиќ, а постојат реални шанси голем дел од „ѕвездите“ да го направат истото. Костас Слукас веќе е пред заминување, а Луиџи Датоме се наоѓа на крстопат.

Тој е во дилема дали да прифати нов договор со Фенербахче, а одлуката мора да ја донесе до вторник. Доколку не го прифати договорот, тоа значи дека тој ќе потпише тригодишен договор со Олимпија Милано.

Датоме во кариерата во италијанскиот шампионат настапуваше за Лотоматика Рома и Монтепаски Сиена.

Се вчитува...