Даци: Во фудбалот ништо не е невозможно… Зошто да не ја победиме Шпанија? (ВИДЕО)

Нескриен оптимизам владее меѓу фудбалерите на младата репрезентација на Македонија уште на првиот ден од собирот во очекување на квалификацискиот натпревар против Шпанија кој го играме на 3. септември во Скопје.

Фудбалерот на турски Коњаспор, Ердон Даци силно верува дека Македонија може да ја изненади една од најдобрите светски селекции.

„Во фудбалот ништо не е невозможно. Па зошто тогаш и ние да не ја изненадиме Шпанија и не ја победиме тука во Скопје. Ќе се обидеме да се подготвиме што е можно подобро и максимално да одиграме на натпреварот затоа што во овие квалификации секој бод ни е важен. Лично јас верувам дека може да направиме чудо против Шпанија“ – вели Даци.

Се вчитува...