Давид Дејвис прв ќе си замине од Вардар!

Тренерот Давид Дејвис ќе биде првиот што ќе си замине од Вардар, откако „црвено-црните“ не успеаја да добијат право за настап во Лигата на Шампионите.

Ангажманот на шпанскиот стручњак среде минатата сезона се покаж како вистински потег, Дејвис го крена тимот кој делуваше заспано под водство на Веселин Вујовиќ и стигна до двојната круна, но во ситуација кога тимот нема да се натпреварува во ЛШ јасно е дека за овој стратег нема иднина во Вардар. Преговорите за нов договор течеа бавно поради барањето на тренерот за значително зголемување на платата, нешто што сега дефинитивно нема да го добие и излезната врата ќе биде отворена.

Проблем плус за Вардар е што ова не е краткорочен проблем, па дури и доколку „црвено-црните“ станат шампиони и во наредната домашна сезона (доколку добијат право за настап и не им се повтори случајот Металург), тие сепак не би можеле да учествуваат во ЛШ се до подмирувањето на долговите (што уште потешко може да се случи).

Во една таква ситуација, неизвесно е и останувањето на клучните ракометари, како и на дел од новите засилувања кои летово требаше да пристигнат во клубот. Дуарте, Цехте и Андреев веќе имаат потпишано договори со Вардар, но голема е веројатноста дека истите ќе бидат раскинати уште пред стартот на подготовките.

Се вчитува...