Давид Луиз: Од Челси ме молеа да се вратам

Бразилскиот интернационалец Давид Луиз отрки дека од Челси го молеле да се врати, откако летово премина во редовите на Арсенал. Бразилецот во трансферот вреден 8 милиони фунти премина на „Емирејтс“.

„Да бидам искрен првите три дена не беа лесни, морав да се соочам со големи емоции. Сите знаат низ што се поминав во Челси. Имав добар однос со сите во клубот. Сите ми недостасуваа. Секој ден добивав пораки во кои тие ми пишуваа – Врати се, врати се. Поради тоа ми беше уште потешко. Но, знаев дека не можам да останам во комфорна зона“, изјави Луиз. 

Бразилскиот фудбалер сезонава одигра 32 натпревари во дресот на Арсенал на кои два пати се запиша во листата на стрелците.

Се вчитува...