Давор Здравковски останува во АЕЛ Лимасол до 2023 година

Македонскиот младински репрезентативец, Давор Здравковски и во иднина ќе го носи дресот на кипарскиот прволигаш АЕЛ Лимасол.

Здравковски потпиша нов договор со клубот од Лимасол со важност до јуни 2023 година.

Поранешниот фудбалер на Македонија ЃП во редовите на АЕЛ Лимасол се пресели во 2017 година. На задоволство на двете страни сега е продолжена соработката која ќе трае уште најмалку три сезони.

Се вчитува...