Селекторот на Азербејџан, искусниот Џани Де Бјази го коментираше натпреварот против Македонија и победата од 1-3 денеска во Скопје.
Де Бјази кажа дека неговите избраници не го отвориле натпреварот онака како што посакувал, но потоа после првиот даден гол, неговата селеција одиграла вистински.
„За жал почетокот не го отворивме како што посакував. Момците ми кажаа дека немаше контакт за пенал. После нашиот гол мислам дека ја стабилизиравме играта и на крајот заслужено победивме. Ние сме во процес на развој на играта, мене ми е навистина што е драго петта победа по ред што има Азербејџан. Ова е историски резултат затоа што првпат ја победуваме Македонија, една силна селекција. И би сакал да продолжиме по овој пат“, рече Де Бјази и дополни:
„Македонија има индивидуален квалитет, навистина е добра репрезентација. Можам да кажам дека и црвениот картон ни помогна. За мојата лична жалост тие ја победија мојата Италија во Палермо“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА