Де Бјази: Македонија е квалитетен тим кој многу созреа во последните години

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе го пречека Азербејџан во вториот контролен натпревар во ноемврискиот циклус. Откако во четвртокот ремизиравме со Финска 1-1, избраниците на Боби Милевски ќе бидат големи фаворити против Азербејџан.

Селекторот на репрезентацијата на Азербејџан, Џани де Бјази вели дека Македонија е многу квалитетен тим кој многу созреал последните години.

„Македонија е многу квалитетен тим, има играчи кои играат во добри екипи. Тоа е смела репрезентација. Вчера го гледавме дуелот и победата со Италија и тој историски подвиг на вашата селекција. Знаеме со каков квалитет располага Македонија и ќе ни биде многу тешко. Се сеќавам на Алиоски кој тогаш беше офанзивец. Посебно се сеќавам на дуелот во Скадар кој се играше во два дена и кога загубивте со гол во последните минути. Таа Македонија беше млада и созреваше, а оваа сега е на високо ниво. Ќе се навратам тој дуел со Италија. И тие не веруваа во победа во Палермо, но го оставија срцето на терен. Македонија е пример за сите мали селекции дека чудата се можни“, вели Де Бјази.

Се вчитува...