Де Бруин ги победи Ван Дајк и Мане – избран за број 1 од фудбалерите

Манчестер Сити остана без титулата, но Кевин де Бруин е избран за најдобар играч во Премиер-лигата во гласањето во кое учествуваа сите фудбалери кои се дел од елитното англиско фудбалско друштво. Асот на „граѓаните“ го израмни рекордот на Тиери Анри од 20 асистенции во една натпреварувачка сезона, покрај тоа имаше и 13 постигнати погодоци, што беше доволно за да се победи силната конкуренција од Ливерпул, со Ван Дајк на второто и Садио Мане на третото место во ова гласање.

„Прекрасно е чувството да се добие ваква награда, кога за вас гласаат колегите и сите ривали против кои играте во текот на сезоната. Малку ми е чудно што сум прв играч на Сити кој го добива признанието и покрај нашите одлични сезони во последните години“, истакна де Бруине.

Во претходните две сезони во кои Манчестер Сити беше шампион, наградите за најдобар во Премиер-лигата завршија кај Мохамед Салах и кај Вирџил ван Дајк од Ливерпул.

Признанието за најдобар млад фудбалер во Премиер-лигата за сезоната 2019/2020 заврши во рацете на десниот бек на Ливерпул, Трент Александер Арнолд.

Се вчитува...