Де Бруин: Ми недостасува фудбалот, после ова сигурно ќе играм две години подолго од планираното

Велика Британија и светот се борат со пандемијата на коронавирусот, челниците на Премиер – лигата ја разгледуваат секоја можна опција за доигрување на сезоната за да се намалат загубите, а фудбалерите седат дома и тренираат во домашна атмосфера. Белгискиот интернационалец Кевин Де Бруин, кој е член на Манчестер Сити, открива дека фудбалот многу му недостасува. Одлучил да игра фудбал две години повеќе од планираното.

„Многу ми недостасува фудбалот, секојдевните тренинзи, дружењето со соиграчите, натпреварите, публиката. Но, свесни сме дека сега здравјето на луѓето е најважно и мора да се придржуваме до препораките на здравствените работници. Дури во една ваква ситуација гледаш колку си бил привилегиран, колку реќа и радост ти носел фудбалот. Одлучив да играм две години повеќе од претходно планираното. Професионалните ангажмани некогаш многу не заморуваат, но дефинитивно е уште потешко без фудбалот“, вели Кевин Де Бруин.

28-годишниот белгиски репрезентативец е еден од најпосакуваните фудбалери за врска, за него постои интерес од Реал Мадрид, Пари Сен Жермен, Јувентус, но тој има цврст договор со Манчестер Сити.

Се вчитува...