Де Бруин: Мислам дека моето семејство го прележа Covid-19

Белгискиот интернационалец Кевин де Бруин открива дека неговото семејство најверојатно било заболено од вирусот Covid-19 уште во раната фаза на пандемијата, пред таканаречениот „локдаун“ во Велика Британија. Неговата сопруга и двете деца имале зголемена телесна температура, а тој минал само со воспалено грло.

„Сите бевме болни и тоа траеше некои десетина дена. Сопругата и децата имаа и зголемена температура. Јас поминав само со воспаление на грлото. Мислам дека сите имавме Covid-19 иако во тој период не се тестиравме. Сега сме сите здрави, ситуацијата се стабилизира и се надевам дека што е можно побрзо светот ќе ја надмине оваа здравствена криза. Уживам со семејството во овој период, фудбалот може и да почека, иако се разбира дека ние сме професионалци тренираме и во домашни услови и го чекаме датумот за рестарт на Премиер – лигата и на Лигата на шампионите“, изјави Кевин де Бруин за англиските медиуми.

Се вчитува...