Де Бруин му одржа час по фудбал на Арсенал

Манчестер Сити неочекувано лесно и убедливо го декласираше Арсенал среде Лондон со резултат , меч во кој брилијантен беше Кевин де Бруин. Белгискиот ас им одржа лекција по фудбал на „топчиите“, со два гола и една асистенција уште во првото полувреме.

Интересно, првата шанса мечот ја имаше Арсенал преку Мартинели, но Едерсон успеа да го запре ударот на младиот Бразилец по само триесетина секунди игра. Во првиот напад на гостите падна и првиот гол на мечот, Хесус асистираше до Де Бруин, а белгискиот ас со силен удар ја смести топката под гредата. Тој подоцна му асистираше на Стерлинг за вториот гол на Сити, пред самиот уште еднаш да го матира Лено за водство од 0-3. Де Бруин имаше извонредна можност и за хет-трик во првото полувреме, но неговиот шут од дваесетина метри голманот Лено со крајни напори и помош од дирекот успеа да го спречи да не заврши во мрежата.

Манчестер Сити со овој триумф се задржа на третото место на табелата, со 14 бода заостанување зад Ливерпул. Арсенал по поразот падна на деветтата позиција со 22 бода, тринаесет помалку од „граѓаните“.

Се вчитува...