Де Бруин: Новиот стадион нема многу да му помогне на Тотенхем

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, вели дека атмосферата во Лондон нема да влијае на неговиот тим на утрешниот меч против Тотенхем. Избраниците на Пеп Гвардиола ќе му гостуваат на Тотенхем во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите, а натпреварот ќе се игра на новиот стадион во Лондон.

„Не ме интересира стадионот. Ме интересира само тимот против кого играме. Сите говорат за стадионот како да е нешто специјално. Сите имаат стадион, сите имаат навивачи. Мислам дека нема да има голема разлика. Веројатно тие ќе бидат возбудени, но не гледам голема разлика меѓу „Вембли“ и новиот стадион“, рече Де Бруин.

Манчестер Сити минатата сезона настапите во Лигата на шампионите ги заврши во четвртфиналето, каде беше елиминиран од Ливерпул. Првиот дуел меѓу Тотенхем и Манчестер Сити се игра утре, со почеток во 21 часот.

Се вчитува...