Де Бруин се плаши од Брегзит: Новиот договор ќе биде потпишан во евра!

Белгискиот интернационалец Кевин Де Бруин отпочна преговори за продолжување на договорот со Манчестер сити, но има едно посебно барање. Сака неговата плата отсега да биде исплаќана во евра, а не во британски фунти. Тој и неговиот агент стравуваат дека по Брегзит, излезот на Велика Британија од Европската Унија, би можел да се случи значителен пад на вредноста на британската валута.

Според понудата на раководството на Манчестер сити, тој би требало да заработува околу 200.000 неделно, но тој бара платата да му изнесува 230.000 евра, што сега е некоја приближно еднаква вредност. Но, Де Бруин не сака да ризикува што би било во иднина и смета дека еврото во моментов е многу постабилна валута.

Белгиецот исто така треба да добие и бонус од 10 милиони евра за лојалност кон Манчестер сити, а годишно ќе добива и дополнителни 2 милиони евра за отстапување на личните маркетинг права на клубот.

Се вчитува...