Де Бруине доби понуда што не се одбива

Кевин де Бруине е подготвен да потпише нов долгогодишен договор со Манчестер Сити откако управата на „граѓаните“ му понуди на Белгиецот двојно поголема плата од она што го заработува во моментов.

Актуелниот договор на Де Бруине истекува во јуни 2023 година, но челниците на англискиот вицепрвак сакаат да го наградат својот најдобар фудбалер, воедно правејќи го и најплатен во тимот на Пеп Гвардиола. Белгискиот плејмејкер моментно има неделна плата од 150.000 фунти, а понудата од 300.000 фунти неделно дефинитивно е предобра за да биде одбиена.

Британските медиуми најавуваат дека преговорите би можеле да завршат до крајот на месецов, кога Де Бруине би потпишал договор со важност до 2025 година и уште еднаш би ја потенцирал својата лојалност кон клубот што го доведе од Волфсбург за сума од 55 милиони фунти во август 2015 година.

Се вчитува...