Де Бруин го шокираше Манчестер Сити

Кевин де Бруине ја отвори вратата за заминување од Манчестер Сити откако белгискиот интернационалец изјави дека не би можел да издржи две години без настап во Лигата на шампионите. Белгискиот генијалец освои се што можеше да се освои на англиската сцена, но голема желба му е да атакува на европската фудбалска круна. Сити беше казнет со двогодишна суспензија од европските купови, а доколку вложената жалба не вроди со плод тој сериозно ќе размисли за заминување од Манчестер.

„Ни останува да седиме и да чекаме. Јас верувам во мојот клуб, а мојот клуб тврди дека е во право и дека казната ќе биде поништена. Искрено се надевам дека се во право, бидејќи не би можел да издржам две години без настап во Лигата на шампионите. Една година, можеби, но две, тоа е премногу“, истакна белгискиот играч за врска.

Поради оваа причина, тој воопшто и не разговара за продолжување на договорот со „граѓаните“.

„Не знаеме што ќе се случува, со ситуацијата со коронавирусот како ќе се одвиваат работите во светот на фудбалот. Да почекаме да заврши сезоната, ќе биде донесена одлука и за жалбата, па ќе има доволно време за разговори. Сега не е момент за такво нешто“, вели Де Бруине.

Се вчитува...