Де Бруине: Не ми е гајле што не дојде Меси, ние го имаме Гвардиола

Манчестер Сити сигурно ќе важеше за апсолутен фаворит за титулата во Премиер-лигата доколку се реализираше мега-трансферот на Лионел Меси од Барселона, но за Кевин де Бруине многу поважно е што на чело на „граѓаните“ останал Пеп Гвардиола отколку што Аргентинецот не пристигнал на „Етихад“.

„Искрено, не ми е гајле што не дојде Меси. Тој е најдобриот фудбалер на сите времиња и сигурно ќе ни беше од помош, но не сум човек што размислува за тоа „што би било кога би било“. Секако имаме добар тим и глупаво би било да размислуваме што би се случувало ако Меси дојдеше. За нас е многу поважно што за тренер го имаме Гвардиола, чиј поглед за фудбалот е многу поразличен од сите останати. Тој е човек со единствена филозофија, кај кого постои „план А“ и „план А“, нема резервна варијанта бидејќи неговите замисли секогаш успеваат. Сите ние имаме апсолутна доверба во таа тактика на Пеп и знаеме што треба да правиме на теренот во секој момент од натпреварите“, истакна Де Бруине.

Манчестер Сити поради учеството на Ф8 од ЛШ во Лисабон ќе го пропушти првото премиерлигашко коло. „Граѓаните“ својот премиерен меч од новата сезона ќе го играат на гостински терен, следниот понеделник против Вулверхемптон.

Се вчитува...