Де Брујне го води Манчестер сити кон нова титула во Премиер-лигата (ВИДЕО)

Неверојатниот Кевин де Брујне ја води екипата на Манчестер сити до нова титула во англиската Премиер-лига. Белгиецот беше херој за својот тим на гостувањето на „Мулино“ кај секогаш незгодниот Вулверхемптон откако  постигна четири гола за „граѓаните“ во победата од 1-5.

Во првиот дел за само седумнаесет минути од седмата до дваесет и четвртата минута Белгиецот постигна три гола, а домаќините се запишаа во листата на стрелците преку Дендонкер.  Де Брујне во 60. минута го постигна и својот четврти гол за 1-4, додека конечните 1-5 ги постави Стерлинг во 84. минута.

Сити со овој триумф повторно му побегнаа на Ливерпул на три бода на првенствената табела и на две кола до крајот се во пол-позиција за одбрана на титулата во Англија.

Во останатите два натпревари Лестер славеше со убедливи 3-0 над Норич, додека Вотфорд и Евертон одиграа без голови 0-0.

Wolves 1 – [4] Manchester City – Kevin De Bruyne poker 60′ from soccer

 

 

 

Се вчитува...