Де Брујне сака да биде Меси: Белгиецот со суперизненадување за соиграчите

Кевин де Брујне е еден од најдобрите фудбалери на Манчестер сити и сите знаат каква соработка изгради со Халанд на теренот.

Сепак, сега фудбалерот од Белгија реши да ги изненади соиграчите, а причината им беше јасна на сите. Имено, Де Брујне на своите соиграчи им подари платинести ајфони по нарачка, а сето тоа во спомен на историската тројна круна.

Пред почетокот на новата сезона во Премиерлигата, тој на своите соиграчи им подели 26 специјално нарачани мобилни телефони. Секој од нив вреди дури 5.800 евра.

Наводно, инспирацијата за ова ја добил од Лео Меси, кој на своите соиграчи и стручниот штаб во репрезентацијата им подари телефони 24 каратно злато во вредност од 202.000 евра, по освојувањето на Светското првенство.

Се вчитува...