Де Геа „бесен“ на челниците на Премиерлигата

Со нерешениот резултат синоќа против Кристал Палас, Манчестер Јунајтед се оддалечи дополнително од битката за титулата во Премиерлигата. Ова беше заостанат натпревар од 7. коло во најсилната англиска лига, а Јунајтед имаше водство се до судиското надополнување кога Олисе постигна феноменален гол од слободен удар.

После натпреварот голманот на Јунајтед Давид де Геа, беше бесен на челниците на Премиер-лигата. Смета како не е чесно Јунајтед да игра заостанат натпревар сред недела, а неговиот следен ривал Арсенал не игра. Сега Јунајтед на дербито со Арсенал ќе биде без услугите на Касемиро.

„Еден од нашите најдобри играчи не може да игра на дербито. Не разбирам зошто ние моравме да играме, а тие не. Тоа може да направи разлика во недела. Не ја разбирам одлуката. Губењето на Касемиро е голем удар за нас“, рече Де Геа.

Се вчитува...