Де Геа се враќа во Премиерлигата?

Давид Де Геа би можел наскоро да се врати во Премиерлигата, само неколку месеци откако Манчестер Јунајтед се откажа од неговите услуги. Досега се појавуваа низа шпекулации дека би можел да се врати на „Олд Трафорд“ поради се честите грешки на неговата замена Андре Онана, но овојпат тоа нема да биде тимот на Манчестер.

Според информациите, Шпанецот би можел да се пресели во таборот на Њукасл, и да потпише договор до крајот на сезоната. На англискиот тим му треба голман после тешката повреда на Ник Поуп кој се повреди на дуелот со Јунајтед.

Првите прогнози велат дека Поуп го чека пауза од пет месеци, односно некаде до април, па од тука Њукалс не сака да се потпре само на Дубравка и на Кариус, туку има потреба да ангажира добар голман.

До сега Де Геа одбивше неколку понуди поради неговата висока плата, но тоа не би требало да биде проблем за Њукасл, кој важи за еден од најбогатите клубови во Англија. Она што би било добро за Њукасл, е тоа што Де Геа може веднаш да потпише и да брани во Премиерлигата, со оглед дека доаѓа како слободен агент.

Се вчитува...