Де Хеа без дилеми: Останувам во Јунајтед, кој сака нека си замине

Фудбалерите о фановите на Манчестер Јунајтед нема по добро да ја паметат оваа сезона во која амбициите беа високи, но на крајот не беше освоен ниту еден трофеј, односно тимот со шестото место во Премиер лигата се избори за пласман во Лига Европа во натпреварувачката 2022/2023.

Ова е секако премалку за клуб како англискиот великан, па останува да се види дали ситуацијата ќе се промени со доаѓањето на холандскиот стручњак Ерик Тен Хаг. Тој сигурно ќе донесе нова енергија, но повеќе од јасно е оти го очекува доста работа, создавање на тим кој ќе може да одговори на сите барања.

Голманот Давид Де Хеа е подготвен да помогне и притоа им испрати порака на оние кои не сакаат да бидат на „Олд Трафорд“.

„Сакам да ја заборавам оваа сезона и сакам да бидам 100% подготвен за следната. Беше ужасно. Оние кои сакаат да останат, нека останат во клубот. Оние кои не сакаат да останат – нека си заминат. Тие не мора да останат“, потенцираше Шпанецот.

Се вчитува...