Де Хеа ќе го менува Тер Штеген во Барселона?

Барселона се соочува со огромен проблем откако остана без првиот голман Марк-Андре Тер Штеген кој поради болки во грбот мораше да замине на операција по која следува пауза од најмлаку три месеци.

Проблемот го примора каталонскиот тим експресно да најде решение за голманската позиција, а изборот падна на Давид де Хеа, пренесуваат шпанските медиуми. Барселона веќе стапила во контакт со агентите на искусниот голман и наскоро се очекува негов одговор.

Репрезентативецот на Шпанија е без клуб откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед, а во меѓувреме се поврзуваше со премин во Баерн Минхен, Њукасл Јунајтед и клубови од Саудиска Арабија.

Се вчитува...