„Де Хеа заслужи со стоечки овации од 80 илјади фанови да биде испратен од Манчестер Јунајтед“

По дванаесет сезони поминати на „Олд Трафорд“ Давид де Хеа замина од редовите на „црвените ѓаволи“ како слободен играч. И покрај најавите за продолжување на соработката, шпанскиот голман и англискиот клуб не успеаја да најдат заеднички јазик со што заврши една ера.

Де Хеа не беше испратен од навивачите и тоа го загрижи Бруно Фернандеш кој вели дека Шпанецот заслужил многу повеќе и се надева дека клубот ќе организира ревијален натпревар на кој 80 илјади фанови со целата екипа на Јунајтед ќе заплескаат во негова чест.

„Давид, ти заслужуваше да бидеш испратен од 80 илјади фанови кои ќе го извикуваат твоето име. Сакав сите да ти аплаудираме и да ја покажеме почитта кон тебе и благодарноста за се што стори за нашиот клуб. Ти си дел од историјата на Јунајтед и тоа никој не може да ти го одземе.

Искрено ти посакувам се најдобро во понатамошната кариера, многу успеси и цврсто здравје за тебе и за целото твое семејство“, стои во објавата на Португалецот.

Се вчитува...