Де Јонг донесе победа за Барселона на гостувањето во Мајорка (ВИДЕО)

Барселона со победа ја стартуваше новата 2022 година во Ла Лига, триумфирајќи со 0-1 на гостувањето против Мајорка во 20. коло од шпанскиот шампионат.

Каталонскиот тим од старт агресивно го почна мечот со отворени атаци за водство, па откако Де Јонг најпрво со ножички ја погоди рамката од голот на Мајорка, потоа истиот фудбалер во 44. минута погоди за 0-1.

Во второто полувреме, главно низ мирна игра, Барса успеа да ја зачува предноста, па сега со 31 бод се издвои на петтата позиција на табелата во Ла Лига.

Се вчитува...