Де Јонг полета за Лондон, ама на свадба

Утрово Френки Де Јонг е виден од аеродромот во Барселона како заминува во Лондон. Иако сите претпоставуваа дека оди на потпис на договорот со Челси, се појавија информации играчот од средниот ред оди на свадба на својот соиграч од репрезентација, Дони ван де Бек. Заедно со Де Јонг во авионот полета и Мемфис Депај.

Играчите на Барселона добија неколку слободни дена од тренерот Чави, па Де Јонг и Депај го искористија да присуствуваат на веселбата на нивниот соиграч од репрезентацијата на Холандија.

Де Јонг долго време се шпекулира за трансфер во Манчестер Јунајтед или во Челси. Меѓутоа веројатно тоа нема да се случи, и Холанѓанецот ќе остане во таборот на Барселона. Поизвесно е заминувањето на Депај, но и натаму не е познато во кој клуб, откако пропадна можноста тој да го облече дресот на Јувентус.

Се вчитува...