Де Јонг: Премиерлига? Не, среќен сум во Барселона

Како што стојат работите во моментов, играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг нема да ја напушти Барселона и ќе остане уште долго во овој тим.

За Холанѓанецот имаше шпекулации дека би можел да се пресели во најсилното првенство – Премиерлигата. Меѓутоа во интервју за ЕСПН кажа дека е среќен во Барселона, и дека не размислува за преселба во Англија.

„Премиерлига? Не. Имаше неколку понуди, но среќен сум во Барселона. Премиерлигата е најдобрата во моментов, како Ла Лига кога беше пред 10 години. Но, не значи дека играњето таму ќе покаже дека си одличен играч“, рече Де Јонг.

Се вчитува...